Што се случи со германското производтсво на телевизори?
Порано германските компании за производство на телевизори беа водечки во светот, пишува Дојче веле. Но, денес на пазарот се присутни само уште две: Мец и Леве.
Тие се борат со конкуренцијата и прашање е дали ќе преживеат. Германските производители на телевизори Мец и Леве имаа свои подобри времиња. Посебно Леве сега мора да се соочи со големи проблеми како што е драстичниот пад на продажбата и финансиски проблеми. Таа компанија пред неколку недели мораше да предаде и барање за помош од државата.
Тоа значи дека во следните три месеци таа компанија и понатаму ќе остане во рацете на таа фирма, но на чело на управата ќе дојде лице кое на таа позиција ќе го постави судот, т.е. државата. Таа фаза ќе трае три месеци, а фирмите на кои Леве им должи пари, уште толку ќе мораат да почекаат на исплата на парите.
Слично
