ШТО СЕ ПРАВИ ЗА 177 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - 10 години мртвиот маж го чувала во фрижидер
Има сомнежи оти Американка 10 години го чувала телото на сопругот во замрзнувач и во тој период ја користела неговата ветеранска пензија.
Пензијата не била баш мала, или вкупно тежела 177.000 долари годишно, а покрај неа, сопругата ги имала и останатите привилегии.
За ова полицијата во Јута ја извести јавноста.
Портпаролката на полицијата во градот Туел, Јута, САД, изјави дека жената е пронајдена мртва во својот стан минатиот месец. Полицајците потоа го прегледале живеалиштето, па го пронашле и телото на мажот.
Градските власти претпоставуваат дека тој починал од болест 2009
година, додава гласноговорничката.
Овој понеделник пак, истражителите нашле писмо заверено во
декември 2008 година. Се смета дека, веројатно, е напишано од самиот
сопруг. Во него се вели дека сопругата не е одговорна за неговата смрт.
