ШТО СЕ ПОДГОТВУВА? Обама испратил 300 тенка во Европа?
Норвешките медиуми објавија дека во пристаништето Намдалсилд минатиот викенд во голема тајност впловил американскиот воен брод „Дивејн Т.Вилијамс“, долг 205 метри на кој наводно се наоѓале 300 најсовремени тенкови од типот М1А1 Абрамс, оклопни возила, амфибии и друга воена опрема.
Оваа пратка треба да ја замени постарата опрема која претходно била поставена во планинските бункери во централна Норвешка.
Американската морнарица наводно во утробата на норвешките ридови во централниот регион Тронделаг има шест огромни магацини, изградени за време на Студената војна, со површина од околу 32.000 квадратни метри. Во нив има складишта за муниција, воена болница, сместување за тешко вооружување, оклопни борбени возила, авиони и хеликоптери.
Прашањето што ги мачи норвешките медиуми е каква намера има американскиот претседател Барак Обама со толкаво вооружување стационирано во Норвешка. Американските магацини во оваа земја беа предмет на јавна критика и за време на Студената војна. Во средината на 80-тите години нивното полнење со воена опрема предизвика протести на локалното население и остри реакции од тогашниот советски блок.
Слично
