Што сè му се заканува на Саркози во истрагата против него?
Поранешниот француски претседател Никола Саркози се најде под сериозни обвинувања за злоупотреба на положбата, тргување со влијание, незаконито финансирање на изборната кампања, корупција. Доколку биде прогласен за виновен може повеќе години да помине во затвор.
Што велат француските закони?
Доколку Саркози биде осуден за „тргување со своето влијание“ му се заканува затворска казна во траење до пет години и 500.000 евра парична казна.
Обвинението за корупција, пак, би можело да му донесе затворска казна од десет години.
Но, освен ова, доколку биде осуден, според францускиот закон, на Саркози може да му биде изречена и дополнителна казна, која предвидува забрана за извршување на јавна функција или исклучување од изборните листи на определено време.
Поранешниот француски претседател ги негира сите обвиненија против него, а одбраната се надева дека ќе ја докаже неговата невиност.
Слично
