Што се крие зад убавото лице на Сирискиот режим ?
Асма ал Асад е 38 годишна мајка на три деца. Потекнува од образувано семејтво на сунити кои од Сирија доѓаат во Британија. Асма ал Асад е сопруга на озогласениот Башар ал Асад претседателот на Сирија, земјата која во секој момент може да биде нападната од најмоќната сила на планетата.
Таа се запознава со нејзиниот сопруг додека тој студира офтамологија во Британија. Набрзо по започнувањето на нивната врска таткото на Башар кој триесет години владееше со Сирија умира и новиот Асад се устоличува на тронот, а со тоа Асма станува прва дама на Сирија и сопруга на претседателот.
Пред неколку дена Асма на Инстаграм објави фотографија од себе како помага на раселени сириски семејства. На сликите делува како ништо посебно да не се случува во нејзинита земја. Многумина во тој момент почнаа да ја споредуваат со Марија Антоанета која кога била прашана што народот да јаде бидејќи нема веќе леб, таа ладнокрвно одговорила дека може да јаде колачи. Сликата како помага на сиромашни како некоја хуманитарка, а околу неа досега загинаа 100.00 луѓе беше главната причина многу луѓе да го истурат гневеот врз неа.
Оваа исклучително убава жена, беше дел од еден напис на Вог кој имаше наслов Розата во пустината и кој се појави во март 2011 година и беше потпишан од долгогодишната новинарна на Вог, Џоан Џулиет Бак. Приказната се покажа дека била финансирана од сирискиот режим со цел да се подобри угледот на земјата и била само дел од написи кои требало да излегуваат во западните медиуми. Написот беше тргнат од интернет изданието додека на новинарката Бак не и беше продолжен договорот и покрај соработката која траеше со декади.
Многу организации ја повкуваат Асма да го прекине лудилото во кое главна улога има нејзиниот сопруг и да го запре крвопролевањето во земјата. За жал другата страна на приказната од Сирија многу малку може да се чуе, а западните медиуми се убедени дека позади убавото лице се крие жена која одамна ги загубила емоциите. Многумина се прашуваат како може некој да остане ладнокрвен на се што се случува, а притоа да бил растен во Британија и да ги делел тамошните вредонсти.
Како поткрепа на тезата дека Асма веќе одамна не ја интересира обичниот народ се пробиените мајлови преку кои на интернет нарачува скапоцени вазни од стоковната Херодс и накит вреден десетици илјади долари и тоа во време кога конфликтот е во најголем ек.
Редакција Фактор

Слично