Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се крие зад опцијата „Јас не сум робот“, видео објаснување кое ги шокираше Интернет корисниците

Што се крие зад опцијата „Јас не сум робот“, видео објаснување кое ги шокираше Интернет корисниците

Интернетот е мрежа која никогаш не мирува и каде безбедноста и приватноста на корисниците се најмногу загрозени. Еден начин за проверка на корисниците е преку прозорчето „Јас не сум робот“. Но, многумина се изненадени од тоа што всушност се крие зад кутиите кои безброј пати сме ги штиклирале.

Видео од телевизиска емисија дава објаснување што всушност потврдуваат корисниците на интернет со кликање на копчето „не сум робот“. Видеото деновиве се шерува на социјалната мрежа Тик Ток, а гледачите се фрапирани од сознанието дека со него всушност корисниците даваат одобрување веб страната да ги сними активностите на корсникот. Погледнете го објаснувањето во видеото. 



Објаснувњето беше споделено во епизодата на QI од 2020 година, каде водителот Санди Токсвиг откри за што се работи. Клип од шоуто сега се појави на TikTok, при што многу корисници останаа во страв од она што го дознаа.

„Не се работи за штиклирање на тоа поле. Се работи за тоа како се однесувавте пред да го проверите“, објасни Санди, а потоа продолжи:

„Да бидам искрена, не можам да ги откријам сите детали, но накратко, штиклирајте го полето и таа веб-страница ќе ја провери вашата историја на прелистување“, истакна таа.

„На пример, пред да го штиклирате полето, гледавте неколку видеа со мачки, твит за Грета Тунберг, го проверивте вашиот Gmail - сето тоа ги наведува да мислат дека има човек зад екранот“, рече таа.

„Во суштина, кога ќе проверите „Јас не сум робот“, ја насочувате страницата да ги погледне вашите информации и сам да одлучи за што се работи. Ако компјутерот не е сигурен, тогаш ве упатува да кликнете на фотографиите на противпожарни хидранти“, додава тој.

Сè на сè, опцијата „Јас не сум робот“ е всушност прикриено одобрение за да се даде „чешлање“ на одредена веб-страница низ вашата историја на прелистување.

Видеото повторно стана актуелно откако беше тема на австралиските радио водители Фици и Вип, а многумина беа шокирани од она што имаа можност да го слушнат.

Корисниците изразија неверување на ова сознание, прашувајќи се дали е вистина или не, а многумина заклучија дека нешто вакво „делува незаконски“.

„Чекај, што? Како не го знаев ова“, напишал еден корисник.

„Ова е прв пат да слушнам за ова. Направив некои истражувања и за жал се чини дека е вистина“, додаде друг.

„Ова е тотално нарушување на приватноста“, заклучил некој.

Видеото за кратко време собра над три милиони прегледи.


Фото: Принскрин/ Тик Ток

Слично

Поврзани вести