Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што сакаат да прават богатите?

Што сакаат да прават богатите?
Што е заедничко помеѓу телевизиската ѕвезда Опра Винфри и инвестицискиот  гуру Ворен Бафет? Се разбира, огромните банкарски сметки, но и нешто друго. Новото истражување на NowSourcing, компанија која се занимава со маркетинг на социјални мрежи, открива интересни детали за навиките и граници на најбогатите луѓе на планетата. Анкетата е за  богати  луѓе кои заработуваат повеќе од 160 000 долари годишно и поседуваат имот во вредност од минимум 3,2 милиони долари. Истражувањето кое е објавено од Entepreneur.com, открива пример, дека ако сакате дел од успехот на Бил Гејтс, ќе треба да станувате рано, да правите физички вежби, да читате повеќе, речиси да не гледате телевизија и секојдневно да немате листа со задачи. За повеќе насоки, како и каде живеат 31.7 милиони милионери во светот, проверете ги информациите подолу. Колку? Според статистичките податоци, базирани на информации од 2013 година, во светот има 31 680 000 милионери, како и 1426 милијардери, чие богатство е проценето во американски долари. Според Forbes најбогати во 2013 година биле: Карлос Слим (Telmex) - 73 милијарди долари Бил Гејтс (Microsoft) - 67 милијарди долари Амансио Ортега (Zara) - 57 милијарди долари Ворен Бафет (Berkshire Hathaway) - 53,5 милијарди долари Лари Елисон (Oracle) - 43 милијарди долари Од истражувањето во кое се анкетирани 233 богати и 128 сиромашни луѓе, станува јасно дека многу често богатите сакаат да состават листа со претстојните секојдневните задачи, да се будат најмалку три часа пред работа да слушаат аудио книги додека патуваат , да читаат повеќе од половина час дневно и др. Излегува дека тие се и здрави. Богатите јадат помалку храна од ресторани за брза храна и тренираат повеќе . Тие гледаат телевизија максимум по час на ден , а што се однесува до риалити шоута , разликата во однос на сиромашните луѓе е огромна . Над 75% од анкетираните обожаваат такви емисии . Богатите ги учат децата почесто на добри практики за постигнување на успех во животот , ги поттикнуваат да се вложуваат во волонтерска работа , како и да прочитаат барем две нефантастични книги месечно. Поставување на цели 67% од богатите луѓе сакаат да си ги запишуваат целите кои сакаат да постигнат. Кај сиромашните процентот е само 11 отсто. Сличен е соодносот и во категориите фокусирање во постигнувањето на одредена цел, убеденост дека човек учи додека е жив, и дека добрите навики отвораат различни можности и обратно. Каде живеат? Најмногу милионери има во Токио (461 000), Њујорк (389 000), Лондон (281 000), Париз (219 000), Франкфурт (217 000), Пекинг (213 000), Осака (190 000), Хонг Конг (187 000) и Шангај (166 000). Највисок процент жени меѓу мултимилионерите има во Португалија - 23.8 % . На глобално ниво дамите се 10% , а најмалку се во Јапонија - 3,7 % . 68% од 400 -те Американци , класифицирани од Forbes , се сметаат за самосоздадени милијардери , што значи дека сами го заработиле статус, а не го наследиле . Во оваа води Џон Пол Деджоријо( 4 милијарди долари ) , кој живеел во автомобил додека ги продавал козметичките производи Paul Mitchell од врата на врата. Телевизиската водителка , која е израсната во исклучителна сиромаштија - Опра Винфри ( 2,9 милијарди долари ) , е втора , а со состојба од 2 милијарди долари трет по ред е  сопственикот на Starbucks - Хауард Шулц . К.К.
Слично

Поврзани вести