Што распоредува Полска на границите со Украина и Белорусија?
Полска формира нова пешадиска дивизија.
Министерот за одбрана на Полска, Мариуш Блашчак вели дека оваа единица ќе биде распоредена кон Белорусија и на границата со Украина. Седиштето ќе биде во Церанов. Во составот на оваа дивизија ќе има и тенковски баталјон. Ќе имаат нова опрема и тенкови од Јужна Кореја, а процесот на целосна испорака ќе заврши во 2026 година.
Инаку, Полска ќе купува нови тенкови и со тоа станува тенковска сила во Европа.
Според Пентагон, Белорусија нема да се вклучи во војната во Украина, иако имаше такви стравувања.
Слично
