Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што предвидува нон пејперот на Макрон?

Што предвидува нон пејперот на Макрон?

И францускиот претседател Емануел Макрон испрати нон пејпер. Тој предлага една  заедница за целиот континент. 

Макрон испрати неформален документ до поголем број на адреси, со кој сака да ја објасни потребата од создавањето на т.н. Европска политичка заедница, која нема да биде замена замена за ЕУ, Советот на Европа или за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Сепак, таа ќе овозможи изградба на заедница на сите европски земји, без оглед на нивниот статус во ЕУ.

Како што пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“, францускиот нон-пејпер предупредува на долгиот процес на зачленувањето во ЕУ, а тоа најмногу се однесува на Украина. 

Оваа заедница би имала формат на „блага правна структура“ со овластувања за одлучување, но со почитување на автономијата на ЕУ во одлучувањето. Состаноците во една ваква заедница би се одржувале неколку пати годишно, како на ниво на шефови на држави или влади, така и на ниво на министри. Идејата Макрон првпат ја претстави минатиот месец. За оваа тема месецов ќе се дискутира во Брисел. Франција претходно беше против проширување на ЕУ и бараше реформи во европската заедница. 

Слично

Поврзани вести