Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што предлагаат холандските десничари за џамиите и Куранот?

Што предлагаат холандските десничари за џамиите и Куранот?

Во Холандија се појави предлог за затварање на џамии и забрана на светата книга на муслиманите.

Холандскиот десничарски политичар, Герт Вилдерс побара забрана за Куранот и затворање на џамиите во земјата, пишува австрискиот весник Der Standard.

Ова стана јасно од партиската програма на „Партијата на слободата”, лидер на која е Вилдерс, подготвена за парламентарните избори во 2017 година.

Во текстот на документот Вилдерс инсистира уште за извршување на „деисламизација” во Холандија. Последните анкети покажуваат дека партијата на Вилдерс може да биде најголемата политичка сила при следните избори во европската земја, потсетува весникот.

Други детали околу програмскиот документ не се познати.

Слично

Поврзани вести