Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што предлага Меркел за илегалната миграција?

Што предлага Меркел за илегалната миграција?

Канцеларката на Германија,  Ангела Меркел побара Европа да ја зајакне борбата против илегалната имиграција, кога склучува договори за враќање на лицата кои не добиле право на азил во нивните родни земји, пренесува АФП. 

„Сакаме да ја спречиме илегалната имиграција, иако истовремено ги почитуваме хуманитарните одговорности“ - изјави Меркел по регионалната средба во Виена за миграциски тек преку Балканот. 

Неопходно е да се склучат договори со земјите главно од Африка, но исто така и со Пакистан, Авганистан, договори, за да стане јасно дека оние кои немаат право да останат во Европа, ќе бидат вратени во своите земји, додаде таа.

Слично

Поврзани вести