Што прават американските платеници во Украина?
Околу 400 платеници на една американска компанија оперираат во Украина, заедно со украинските војници и полицајци, против проруските сепаратисти, тврди германскиот весник Билд ам Сонтаг.
Според информациите, за кои се тврди дека се засновани на радио врските меѓу командните центри на руската војска, кои ги пресретнала американска агенција за надзор и им ги пренела на германските тајни служби, американските платеници во Украина ги усогласуваат и управуваат со герилските операции против проруските сепаратисти во регионот на Славјанск.
Овие 400 платеници работат за компанијата Академи, попозната под старото име Белквотер, компанија за безбедност на акоја американската војска и го одзела договорот во Ирак откако нејзини припадници отвориле оган врз цивили во 2007 година.
Билд ам Сонтаг истакнува дека не се знае кој точно го склучил договорот со Академи. Русија пред неколку недели го осуди присуството на американски платеници во Украина, но американскиот амбасадор во оваа земја Џефри Пјат ја демантираше ваквата информација.
Минатата недела германскиот весник објави дека агенти на ЦИа и ФБИ му помагаат на Киев да го прекине востанието во источна Украина и да создаде ефикасен безбедносен систем, меѓутоа тие директно не се вмешуваат во судирите.
Слично
