Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што потпишаа Зеленски и Мицотакис?

Што потпишаа Зеленски и Мицотакис?

Премиерот Киријакос Мицотакис и украинскиот претседател Володомир Зеленски попладнево потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина. 

Веста ја соопшти самиот Мицотакис на заедничката прес-конференција со гостинот од Украина по нивната средба, јавуваат грчките медиуми, пренесе МИА. 

Украинскиот претседател допатува во ненајавена посета на грчката престолнина, Атина каде подоцна вечерва ќе учествува на вечера и неформална дискусија со лидерите од регионот, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Ние се спротивставуваме на секое незаконски сторено дело“, рече грчкиот премиер на прес-конференцијата.

Тој се фокусираше на историските врски на Грција со Украина и со украинските граѓани со грчко потекло.

„Никој не ги заборава злосторствата во маченичкиот Марупол, истото важи и за Одеса, како и за Киев и другите региони на вашата земја“, рече Мицотакис. 

Вели дека Грција безусловно ги осудува воените злосторства во Украина.

„Русија го користеше природниот гас како оружје и неодамна го раскина договорот за жито. Последиците од војната ги надминуваат границите на нашиот континент. Над 50 отсто од житото се извезува со бродови на грчки бродари. Грција ги применува сите санкции против Русија, ние ќе го помогнеме вашиот европски пат, потпишавме заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина. Нашата поддршка ќе продолжи. Пристаништето Александрополис е центар, наскоро ќе стане град-порта за природен гас“, рече грчкиот премиер.

Зеленски  се заблагодари на Грција за поддршката и за понудата да ја поддржат обуката на пилоти на ловците Ф-16.

Зеленски во Атина попладнево се сретна и со грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести