Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ПОКАЖА КИНЕСКА СТУДИЈА - Вухан немал само 50, туку 500 илјади заразени со коронавирусот

ШТО ПОКАЖА КИНЕСКА СТУДИЈА - Вухан немал само 50, туку 500 илјади заразени со коронавирусот

Според студијата на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), скоро половина милион луѓе во Вухан веројатно биле заразени со ковид-19, речиси 10 пати повеќе од официјалната бројка.

За време на студијата, научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, оригиналниот епицентар на пандемијата, други градови во провинцијата Хубеи; како што се Пекинг, Шангај и провинциите Гуангдонг, Џиангсу, Сечуан и Лиаонинг за да се процени стапката на инфекција со ковид-19 во тие области.

Тие откриле стапка на преваленца на антитела кон ковид-19 кај 4,43 отсто од граѓаните на Вухан, метропола со 11 милиони луѓе. Досега, во тој град официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со ковид-19, но серолошките тестови покажуваат дека близу 500.000 биле веројатно заразени со коронавирус.

Стапката на преваленца надвор од Вухан е значително помала, покажала студијата. Во другите градови во провинцијата Хубеи, антителата кон коронавирус се пронајдени само кај 0,44 отсто од испитаниците, пишува Си-Ен-Ен.

Јанжонг Хуанг, виш соработник во Советот за надворешни работи, изјави дека студијата покажува дека не биле пријавени сите инфекции за време на врвот на пандемијата во Вухан; делумно поради хаосот во здравствената заштита во тоа време, но делумно поради неможноста да се регистрираат асимптоматски случаи.

Во текот на јануари и февруари, болниците во Вухан биле преплавени со пациенти со висока температура. Но, во тоа време, болниците немале работна сила, опрема за тестирање и медицински материјали за дијагностицирање и лекување. Затоа, на многу пациенти им било кажано да одат дома во самоизолација. Некои од нив ги заразиле другите членови на семејството, додека други дури починале дома како резултат на инфекцијата; и двата случаи не беа дел од официјалната статистика.

Вухан не е единствениот град кој имал премногу малку тестови за време на првиот бран. Слична состојба е пријавена во многу здравствени системи во други земји поради недостаток на капацитет и ресурси.

На пример, студија спонзорирана од Министерството за здравство на Њујорк открила дека до крајот на март, секој седми возрасен човек во Њујорк имал ковид-19, што е исто така околу 10 пати повеќе од официјалните податоци. За време на втората студија во август, научниците откриле дека повеќе од 27 отсто од испитаните 1,5 милиони њујорчани имале антитела кон коронавирусот.

Слично

Поврзани вести