Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што подаруваат Австријците и Германците за Божиќ?

Што подаруваат Австријците и Германците за Божиќ?

Австријците за Божиќ најмногу си подарувале пари, така што скоро секој втор добил пари. 

Паричните подароци се со просек од 256 евра, покажуваат истражувањата.

Истражувањето на порталот durhbliker.at покажува дека под елките ширум Австрија како подарок се оставени околу 963 милиони евра во готовина.

„На Божик имаме значителен трансфер на пари од постарата кон помладата генерација. Сепак, најголем дел од овие пари веднаш го наоѓаат својот пат до продавниците“, појаснил директорот на порталот што го вршел истражувањето.

Тројца од четворица Австријци подарените евра веднаш ги потрошиле, а помал број одлучиле да ги штедат.

На второто место за најподарувани подароци се ваучери за продавници, потоа бонови за активности или патувања, па книги, филмови, игри и друго. 

472 евра е сумата која Германците ја потрошија во просек годинава за божиќни подароци. Кај нив се подаруваат најчесто книги и ваучери. 

Истражување од пред неколку години, покажува дека во Европа за Божиќ најмногу трошат Ирците, но и Французите не штедат кога е во прашање празникот. 

Сепак, за луѓе кои ги зафаќа шопинг манија важат Германците. 

Слично

Поврзани вести