ШТО ПЛАНИРА ВАШИНГТОН СО РУСИЈА? Руски амбасадор во САД открива детали
Вашингтон има задача да ја распарчи Русија и да и го одземе нуклеарното оружје, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
Тој додаде и дека САД треба да и го одземе местото на Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации.
- Сега Вашингтон постави задача да ја урне Русија, да ја фрли на колена, а најдобрата опција е да ја распарчи, да создаде неколку феудални кнежевства на руска територија и, се разбира, да и го одземе нуклеарното оружје и легитимното место како постојана членка на Советот за безбедност на ОН - рече Антонов на конференцијата „По повод 60-годишнината од кубанската криза“.
Како што оценува, денес е тешко да се предвиди до каде е подготвен да оди Вашингтон во влошувањето на односите со Москва.
- Има силен американски притисок по целиот периметар на руските граници, каде Украина стана полигон за најнепријателски шеми - рече дипломатот. Според Антонов,и додаде дека би сакал да верува дека, и покрај сите тешкотии, Москва и Вашингтон не дојдоа до точка да паднат во бездната на нуклеарниот конфликт.
- Секој ден сè повеќе згаснува и она малку што сè уште блеска во контактите меѓу двете земји. Би сакал да верувам дека и покрај сите тешкотии, не сме го достигнале опасниот праг со Американците да се фрламе во бездната на нуклеарен конфликт - додаде рускиот амбасадор.
Тој потсети дека Русија е посветена на формулацијата дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека таква војна никогаш не треба да се покренува.
