ШТО ПИШУВА ВО МЕМОАРИТЕ НА ПРИНЦ ХАРИ: Вредат 40 милиони евра
Во првите денови од јануари во книжарниците ќе се појави приказната што светот ја чекаше. Принцот Хари објавува ексклузивна биографија, чиј наслов е веќе контроверзен - „Резервно“. Преведено од англиски резерва. Резервен играч. Алузија на неговата улога во кралското семејство, бидејќи не е тој што го наследува тронот.
Извори блиски до Хари наведуваат дека овие експлозивни мемоари вредат 40 милиони евра. Толку добил принцот за неговата „сурова, непоколеблива искреност“, како што објави издавачката куќа. Сопруг, татко, хуманитарец, воен ветеран, екологист, поддржувач на менталното здравје“, пишува во воведот, додека зборот „принц“ е во позадина. Книгата ќе биде објавена на третата годишнина од заминувањето на Хари од Бакингемската палата. Мемоарите на принцот Хари ќе го вознемират кралското семејство, а притоа ќе му донесат добар профит.
