Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што открива семејство што се преселило во Дубаи?

Што открива семејство што се преселило во Дубаи?

Во последниве години, многу семејства се преселиле во Дубаи за подобар животен стандард, а Британката Попи Овенс ја открива „другата страна на медалот“.

Многумина се заљубија во Дубаи поради луксузниот начин на живот, каков што е претставен на Инстаграм, па затоа годишно го посетуваат околу 15 милиони туристи, но дали е толку луксузен и во реалниот живот?

Многумина се преселиле во овој град единствено поради отсуството на данок на доход.

Британката од Северен Велс одлучи во 2022 година да се пресели во Дубаи и да почне ново поглавје. Таа живее таму со својот партнер Бен и нивните две ќерки, Ефи и Инди. Во искрено видео, таа призна дека преселбата била „најдобрата одлука“, но и сериозен финансиски предизвик, пишува Б92.

Попи, која планира да започне свој моден бренд, вели дека таа и нејзиниот сопруг не можеле да тргнат пари настрана.

„Не штедевме ништо. Имавме второ дете и се преселивме во Дубаи, што целосно ги испразни нашите заштеди. Потоа се венчавме на Санторини и сите знаеме колку чинат свадбите. Сето ова се случи во рок од 18 месеци“, рече таа.

Додаде дека конечно планираат посериозно да почнат да штедат во текот на 2026 година.

Според неа, нивните приходи не се зголемиле драстично, и покрај општото верување дека Дубаи нуди огромни деловни можности.

„Пред 18 месеци решив да го намалам обемот на работа, што значително ги намали нашите приходи“, објасни таа. 

Сепак, таа останува оптимист и тврди дека 2026 година веќе изгледа поперспективна од 2025 година.

Многу луѓе се селат во Дубаи поради начинот на живот што го гледаат на социјалните медиуми, постојаното сонце и, пред сè, платата ослободена од данок на доход. Сепак, Попи истакнува дека парите што би оделе за даноци во Велика Британија брзо исчезнуваат во Емиратите за други трошоци.

„Она што би го дале на државата во Британија, тука го трошите за образование на децата, здравствено осигурување и генерално поскап начин на живот. На крајот, сè се сведува на истото“, објаснува Британката. 

Иако не профитирале финансиски колку што можеби очекувале, тие велат дека не жалат што се преселиле.

„Нашата среќа се зголеми десеткратно откако сме тука. Посреќни сме, поздрави и позадоволни од кога било. Навистина сме благодарни“, рече Попи, додавајќи дека стекнале многу нови пријатели во Дубаи.

Како што вели тој, во Британија луѓето најчесто остануваат во рамките на својот круг на познаници, додека живеењето во странство им овозможило да изградат силни врски со нови луѓе.

foto Wikipedia/Norlando Pobre

Слично

Поврзани вести