Што открива ФБИ за Исламска држава?
Исламска држава регрутира американски граѓани во голем број 24 часа дневно, рекол директорот на Федералното истражно биро ФБИ Џејмс Коми на конференцијата за новинари во Синсинатли.
Тој додал дека стотици лица преку социјалните мрежи се одзиваат на повиците или да им се придружат на екстремистите во прекуморските земји или повикуваат „ако не можете да дојдете убивајте каде стигнете“.
-Ние денес спроведуваме истрага во сите 50 земји во обид да ги идентификуваме тие луѓе, каде се наоѓаат и се обидуваме да ги спречиме во нивните активности-рекол тој.
Директорот на американскиот Центар за борба против тероризмот Ник Расмусен рекол дека минатата седмица повеќе од 28 000 лица од различни земји им се придружиле на „Исламска држава“ во Сирија и Ирак вклучувајќи 5000 лица од земјите на Западот.
