Што открива дневникот на руски војник најден во Вуледар?
Украинците објавија дека нашле тефтер на руски војник во градот Вуледар кој открива колкави загуби имаат Русите.
Украинското Министерство за одбрана денеска објави на Твитер слика од дневник, наводно земен од офицер претходно овој месец. Тие објавија превод од дневникот кој сугерира дека Москва трпи огромни загуби на дневна основа.
„Дневник на руски офицер заробен во близина на Вуледар.
1 март: 100 војници одат во напад; останаа 16.
3 март: од 116 војници останаа 23.
4 март: Од 103 војници останаа 15.
5 март: Од 115 војници останаа 3“, објави украинското министерство.
Украина на социјалните мрежи ги објавува загинатите војници, со име, презиме, биографија. На повеќе Твитер профили има и снимки од погреби на загинатите украински бранители. Русија молчи за бројот на загинати. Денеска е 385-от ден од руската инвазија на Украина.
Слично
