Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што остана од добрата стара Европа?

Што остана од добрата стара Европа?

Економски гледано, евро-кризата уште не е совладана, од хуманитарна страна, европските влади се преплавени со барања за достоен третман на бегалците, а политичките групи на противници на ЕУ од ден во ден се се побројни.

Угледниот колумнист Роџер Коен во својот коментар во американскиот весник „Њујорк тајмс“ во почетокот на август пишуваше за „Европа без идеја“, и ја објаснуваше европската криза:

-Европа е заробена помеѓу оние кои сакаат да влезат, оние кои сакаат да излезат и оние, кои едноставно сакаат да ја уништат. Овие што доаѓаат се очајни, оние кои заминуваат се бесни, а оние кои сакаат да ја уништат - палат знамиња. Тоа е троструко оптеретување - прв пат во историјата-ја сочинуваат 28 членки на ЕУ уште поранливи и скршени ...“

Германскиот весник „Билд“ се придружи на анализите на најургентните проблеми на Европа, како што е нејзината неспособност со заеднички сили да го реши проблемот со бегалците. Членките на ЕУ си ја префрлаат една на друга одговорноста за бегалците и расправаат за тоа која колку треба да ги преземе. Притоа тој број во интернационални размери е незнаен.

-После притисокот на Италија, европските лидери се договориле да го поделат теретот од 40.000 бегалци - што е прилично бедна цифра, оценува Коен во својата колумна. „Во Јордан, Турција, и Либан има повеќе од 3,5 милиони бегалци, земјите кои се далеку посиромашни отколку европските нации“.

Во општа дебата поедини држави меѓусебно завојуваа, на пример, кога илјадници очајни бегалци се обидоа од Франција да стигнат до Велика Британија низ Евротунелот, што ја разбранува старата напнатост помеѓу Франција и Британија.

Зашто бавно се наоѓа заедничко и хумано решение? За тоа постојат повеќе причини, објаснува „Билд“, а една е што судството и внатрешната политика не се во надлежност на ЕУ, а националните интереси тука се посебно исполнети.

Бегалците чинат

Високата невработеност и слаб економски раст во јужна Европа претставуваат баласт (товар) за Унијата, а многумина сметаат дека бегалците додатно го загрозуваат европскиот животен стандард. Според Коен, тоа никако не смее да биде причина да се затворат вратите на Европа. „Бројот на мигранти, дури и ако е огромен може да прифати едено друштво од преку 500 милиони Европјани“.

Сојузниот уред за миграција и бегалци од Нирнберг се смета со тоа дека до красјот на годината во Германија ќе бидат поднесени 450.000 барања за азил, што е дупло повеќе од лани и дури осум пати повеќе од 210 година.

Паралено со тоа, во Германија се пробудила веќе заборавената ксенофобија (омраза кон странци), а бројот на напади со непријателски мотиви за првите шест месеци изнесуваше 2020, колку што беа во целата измината година.

Меркел без визија

Десничкарската УКИП за 24 седишта станала најсилната британска партија во Европскиот парламент, а во 2017 година на референдумот ќе се одлучува за понатамошно останување во ЕУ. Колумнистот Коен се прашува каква улога има Велика Британија во Европа која ја води Германија и која е поделена на внатрешна еврозона во која се донесуваат одлуки, и надворешна, која не ја дели заедничката валута.

„Ангела Меркел не е добра во тоа да покаже визија. А на Европа повеќе од потребни и се нејзините визонерски и храбри пораки“.

Слично

Поврзани вести