Што одговорија од кабинетот на Макрон за зборовите на Трамп дека Франција била бескорисна?
Франција реагираше на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп. Француските власти се изненадени.
Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопштија дека одлуката да не се дозволат прелети на авиони со воена опрема кон Израел преку француски воздушен простор е во целост во согласност со досегашната политика на државата.
„Изненадени сме од оваа објава. Франција не го смени својот став од првиот ден на конфликтот и ја потврдуваме оваа одлука“, наведуваат од Елисејската палата.
Претходно, Трамп на својата социјална мрежа остро ја критикуваше Франција, оценувајќи дека била „многу некорисна“.
Француската страна претходно соопшти дека нема да дозволи користење на нејзини бази за операции поврзани со напади врз Иран, но остава можност за привремено одобрување во случаи кога станува збор за одбрана на сојузници во регионот.
Според информации објавени од агенцијата Ројтерс, одбивањето за користење на францускиот воздушен простор се случило за време на викендот. Израел и САД пред повеќе од еден месец ја почнаа војната со Иран.
foto printskrin youtube
