Што нуди Зеленски за да Русија ги врати воените заробеници?
Вратете ги воените заробеници во замена за извоз на амонијак, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој изјави дека ќе ја поддржи идејата за повторен руски извоз на амонијак преку неговата земја, под услов Москва да ги врати украинските воени заробеници во Киев.
Во интервју за Ројтерс, украинскиот претседател објасни дека предложил договор до Обединетите нации (ОН), кои бараат континуирана испорака на руски амонијак низ Украина со цел да се ублажи глобалниот недостиг на ѓубрива.
Обединетите нации предложија амонијакот, во сопственост на рускиот производител на ѓубрива „Уралхем“, да се испумпува со гасовод до украинската граница, каде што ќе го купи американскиот трговец со стоки Трамо.
Цевководот е дизајниран да пумпа до 2,5 милиони тони амонијак годишно од рускиот регион Волга до украинското црноморско пристаниште Пивдени близу градот Одеса.
Тој е затворен откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. Претходните месеци, Зеленски кажа дека бранителите од Мариупол нив им се потребни живи.
