Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ ВО СЕЛОТО ОЛЕНИВКА - ОН се подготвени да испратат експерти за да истражат како загинаа 53 азовци

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ ВО СЕЛОТО ОЛЕНИВКА - ОН се подготвени да испратат експерти за да истражат како загинаа 53 азовци

Портпаролот на ОН потврди дека организацијата е подготвена да испрати група експерти за да го истражат вчерашното гранатирање на затвор во селото Оленивка, во област контролирана од проруските сепаратисти.

Според руската страна, во тој напад биле убиени 53 украински воени заробеници. Меѓу нив има и членови на Азовскиот полк, кои беа заробени од Русите по падот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Тие бараат согласност од Русија и Украина

ОН соопштија дека се подготвени да испратат експерти за да го истражат нападот, но само доколку претходно добие согласност од украинската и руската страна.

Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен вчера и изразил сочувство на Украина за смртта на воените заробеници во телефонски разговор со неговиот украински колега, соопшти американскиот Стејт департмент.

Слично

Поврзани вести