Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што направи Швајцарија за да го совлада силниот франак?

Што направи Швајцарија за да го совлада силниот франак?

Швајцарската централна банка ја остави без промена монетарната политика, задржувајќи ја депозитна камата на рекордно ниско ниво и покрај растечките критики кон негативните каматни стапки, соопшти Ројтерс.

Регулаторот ја остави тримесечната меѓубанкарска стапка во опсег -1,25% и -0,25%, како што очекуваа економистите анкетирани од Ројтерс. Депозитната камата останува во износ од -0,75%.

„Франакот сеуште е значително преценет“, пишува во соопштението на Швајцарската национална банка. “Негативната камата и подготвеноста на банката да се интервенира на девизниот пазар имаат за цел да ги направат инвестициите во франци помалку атрактивни и на тој начин да го совладаат поскапувањето“, се вели уште во текстот.

Банката очекува швајцарската економија да порасне за 1,5% оваа година. Прогнозата за инфлацијата во 2016 година останува за негативна вредност од -0,4 отсто, а оваа за 2017 година и 2018 година е намалена до соодветно 0,2% и 0,6%.

Според централните банкари одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија создаде значителна неизвесност и ја прави тешка оценката за изгледите пред глобалната економија.

Се очекува во втората половина економскиот раст во Швајцарија да е скромен отколку во првите шест месеци, делумно поради привременото слабеење на растот во Европа.


Слично

Поврзани вести