Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што направи ЕУ, за да се справи со миграциската криза?

Што направи ЕУ, за да се справи со миграциската криза?

Лидерите на Европската унија и земјите од Балканот размислуваат за начини за подобро управување со илјадниците мигранти, кои се движат во континуиран тек во нивните земји, пренесоа агенциите.

Еве што направи ЕУ досега во одговор на миграциската криза, а се карактеризира со пристигнувањето на околу 700 000 луѓе кои пристигнале по море од почетокот но годината.

Гранична контрола: Агенцијата за надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) требаше да добие повеќе ресурси со цел подобра заштита на надворешните граници на слободната за патување во Шенген зоната. Но до почетокот на оваа недела европските земји ветија едвај 291 дополнителни граничари на агенцијата, која побарала 775. Подоцна оваа година се очекува Европската комисија да предложи формирање на европска гранична и крајбрежна стража.

Пренасочување на мигрантите: ЕУ ја применува контроверзната шема за прераспределување на 160 000 кандидати за азил од Италија и Грција - предните линии на миграциската криза - кон другите земји членки. Германија и Шведска, земјите кои се главни дестинации за барателите на азил, бараат создавање на постојан систем за пренасочување. Ова сепак создава голем отпор од другите земји членки.

Враќање на мигранти: ЕУ побара подобра работа во однос на враќањето на економските мигранти кои не ги исполнуваат барањата за меѓународна заштита.

Во минатото само околу 40% од сличните мигранти беа вратени во нивните земји на потекло. Создавањето на засилени прифатни центри, познати како „жешки точки“, во Грција и Италија е предвидено да помогнат за брзо идентификување на економските мигранти и стартување на постапки за нивно враќање. Се планира  исто така со „жешките точки“ да управуваат и со преселување.

Земји по потекло и транзитни земји: Европската унија се вклучува во помошта за земјите на потекло на мигрантите и транзитните земји, за да го одврати протокот. ЕУ и предложи на Турција финансиска помош и поблиски политички односи, за да ја охрабри земјата да направи повеќе за прашањето, а преговорите помеѓу ЕУ и Турција да продолжат. Лидерите на ЕУ ќе се состанат исто со африканските лидери во Малта во ноември, во обид да си обезбедат и со нив соработка.

Воени дејствија: Европската унија презеде морска мисија против криминалните мрежи кои шверцуваат мигранти од Либија во Италија. Мисијата може да запре чамци и да уапси осомничени во меѓународните води, но не може да дејствува во либиските води, бидејќи тоа бара поддршка од либиските власти и од Советот за безбедност на ОН. Напорите за добивање на таква дозвола до моментов не резултираа со успех.

Мерки, планирани за 2016 г .: Европската комисија вети дека ќе направи неколку работи, а до март 2016 година се очекува да се предложи „структурниот систем“ за пренасочување на раселените луѓе кои се надвор од ЕУ, но имаат потреба од меѓународна заштита, како Сиријците кои живеат во бегалските кампови на ОН.

Комисијата ќе се обиде да ја реформира Даблинската регулатива, согласно која молбите за азил мора да бидат поднесени во првата земја од ЕУ, во која ќе пристигнат мигрантите. ЕК ќе се обиде да го олесни законскиот влез во Унијата на квалификувани мигранти.

Слично

Поврзани вести