Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му пиша Папата Франциск на Доналд Трамп?

Што му пиша Папата Франциск на Доналд Трамп?

Римокатоличкиот поглавар Папата Франциско на Доналд Трамп му пиша телеграма со честитка за изборот на новиот американски претседател, но му порача дека под негово водство Америка мора да продолжи да се грижи за сиромашните и обесправените, бидејќи единствено по тие критериуми ќе биде оценета нејзината големина.

Во телеграмата пишува и дека денес се соочуваме со голема хуманитарна криза, со бројни светски предизвици, а Америка секогаш била посветена на подобрување на човековото достоинство. Затоа папата ќе се моли Трамп да биде воден од спирутуални и етички побуди како лидер на американската нација.

Папата Франциск пред медиумите посочува и дека засега не може да го коментира изборот на Трамп бидејќи потребно е да се види како ќе владее, па така тој ниту е исплашен, ниту пак е среќен во овој момент. 


Слично

Поврзани вести