Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му одговорија молдавските власти на Лавров?

Што му одговорија молдавските власти на Лавров?

Молдависките власти му одговорија на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој се закани дека Молдавија можела да биде „следната Украина“. 

„Молдавија сама одлучува за својата иднина како „дел од слободниот свет“, објави Министерството за надворешни работи во Кишињев. 

Тие го отфрлаат обвинувањето на Москва дека Западот се обидува да направи неколку држави, меѓу кои и Молдавија, непријатели на Русија.

„Би сакале да ја потсетиме руската страна дека патот што го избра Молдавија е патот за пристапување во Европската унија. Молдавија јасно ја избра својата иднина и таа иднина е дел од слободниот свет“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Молдавија.

Лавров во ист контекст ја спомна и Грузија. 

Тој дури претседателката на Молдавија, Маја Санду ја спореди со украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Слично

Поврзани вести