Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што му напиша девојче од Алепо на Трамп?

Што му напиша девојче од Алепо на Трамп?

Бана Алабед, девојче од Алепо познатo во светот по своите твитови напиша отворено писмо до американскиот претседател, Доналд Трамп.

Бана и нејзиното семејство го напуштиле Алепо во декември за време на масовната евакуација, а сега живее во Турција.

„Мора да направите нешто за децата од Сирија бидејќи тие се како вашите деца и заслужуваат мир како вас”- пишува ова седумгодишно девојче. 

Нејзиниот Твитер профил стана познат по пораките од источен Алепо додека беше под опсада.

Нејзината мајка, Фатемах, која ѝ помогнала во активирањето на твитер профилот, испрати текст од писмото до бритaнскиот јавен сервис BBC.

Фатемах рече дека ќерка ѝ го напишала писмото неколку дена пред инаугурацијата на претседателот Трамп. Вели дека го гледала многу пати на телевизија. 

Слично

Поврзани вести