ШТО МУ КАЖА ПУТИН НА МАКРОН: Последен телефонски обид на Франција за сопирање на војната во Украина
Рускиот
претседател Владимир Путин во телефонски разговор со францускиот лидер Емануел
Макрон изјави дека причина за ескалацијата на ситуацијата во Донбас се
провокациите на украинските безбедносни сили, соопшти денеска Кремљ.
Путин и Макрон оценија дека е неопходно да се интензивира потрагата по дипломатски решенија, пренесе ТАСС. Кремљ во соопштението додаде дека темелно биле разменети мислења за ситуацијата околу Украина, како и за долгорочните правни гаранции за безбедноста на Руската Федерација.
Путин повтори дека САД и НАТО мора конкретно и суштински да одговорат на барањата на Русија за безбедносни гаранции.
Слично
