Што можете да купите со 10 долари во најсиромашните земји во светот?
Што можете да направите со 10 долари ? Да купите билет за кино и да пиете пиво ? Во богатите земји оваа сума нема да ви стигне само за билет за кино . Во најсиромашните држави во светот , меѓутоа со 10 долари можете да купите доста работи.
Девет од 10 -те најсиромашни земји во светот ( по БДП по глава на жител ) се во Африка . Погледнете што може да се купи со 10 долари таму :
10 . Авганистан
Авганистан има население од над 31 милиони лица , што го прави 39. по население во светот. Малку под ¼ од населението живее во градовите . 10 долари на ден е дневницата на војник , ангажиран од Талибанците. За оваа сума во главниот град Кабул можете да купите - 15 кг шеќер , 7 килограми ориз и околу 10 литра дизел. За 10 долари во McDonald's во Кабул може да нарачате 2 комбо менија .
9 . Мадагаскар
Островската држава се наоѓа во Индискиот Океан и има население од 22 милиони лица. Околу 90% од населението живее со помалку од 2 долари дневно. Денес во Мадагаскар со 10 долари може да се купи 5 дузина јајца , 6 литри флаширана вода, 5 литри локално пиво , 6.25 литри бензин. За оваа сума двајца луѓе можат да одат на кино .
8 . Малави
Државата се наоѓа во Источна Африка , економијата зависи од земјоделството. Ова е една од најмалку развиените земји во светот , со најнизок животен век . За околу 10 долари тука може да се купи 10 килограми ориз или комбо мени со безалкохолни пијалоци во ресторан за брза храна .
7 . Нигер
Се наоѓа во Западна Африка и има население од над 17 милиони луѓе. 80% од територијата на земјата е пустина , додека останатите 20% се премногу густо населени . Економијата се крепи од земјоделството и рударската индустрија . Иако приходите на луѓето се ниски , цените во градовите се високи и во главниот град на земјата со 10 долари може да се купат само 20 цигари .
6 . Централна Афричка република
Населението е 4.5 милиони луѓе . Работник во рудници тука заработува околу 827 долари годишно . Цените се високи , во споредба со други сиромашни држави. Во главниот град на земјата со 10 долари може да се купи само 2 кг јаболка или помалку од 5 кг компири. Зачудувачки е фактот дека цените на прехранбените производи тука се 7% повисоки отколку во САД !
5 . Еритреја
Се наоѓа меѓу Етиопија и Судан . Населението е 6 милиони луѓе . Со 10 долари може да се купи само 4 литри бензин. Во Еритреја бензинот е меѓу најскапите во светот.
4 . Либерија
Има население од 4 милиони луѓе , англискиот јазик е официјален . Економијата се крепи од земјоделството, екстракција на минерали , но страда сериозно од континуираните граѓански војни . За 10 долари може да се купи едно комбо мени во ресторан за брза храна , 8.3 литри бензин или 10 шишиња вода од 1.5 литри.
3 . Бурунди
Се наоѓа во Источна Африка . Има население од над 8 милиони луѓе , од што над 80% живее под прагот на сиромаштијата. Економијата зависи од рударската индустрија , но како и кај другите африкански земји , недостасува инфраструктура , за да се употребат нејзините ресурси. За 10 долари во главниот град на земјата може да купите 2,5 килограми ориз или само едно комбо мени во ресторан за брза храна .
2 . Зимбабве
Населението на втората најсиромашна земја во светот е 13 милиони луѓе. За 10 долари може да вечерате во евтин ресторан , или да купите пет увозни лименки пиво , или да наполните 6.6 литри бензин.
1 . Демократска Република Конго
Најсиромашната држави во светот има население од 75 милиони луѓе , според кој показател е на 19 -то место во светот . За 10 долари може да се купи 4,5 килограми ориз , десет мали шишиња минерална вода , 2 увозни пива или 8.33 литри бензин.
Слично
