Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што може да се очекува од Русија во 2016-та?

Што може да се очекува од Русија во 2016-та?

Долгорочните цели на рускиот претседател Владимир Путин по прашањето на надворешната политика во 2016 година, нема да се менуваaт и тој ќе продолжи да бара нови сојузници меѓу политичарите во Европа, наведува Би-Би-Си, во опширната aнализа за тоа што може да се очекува од Кремљ во оваа година.

Потенцијалното излегување на Велика Британија од ЕУ, Москва ќе го смета како уште едно слабеење на европскиот проект, кој на Русија би можел да и отвори нови можности.

Путин, исто така би можел да се надева дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе продолжи да врши притисок за наоѓање на политичко решение за кризата во Украина и кризата во Сирија.

thumb-502-228

Но, предвидувањата за тоа не се најдобри, се наведува во анализата на Би-Би-Си. Во Украина трае краток прекин на огнот, а последните недели е обновена размената на оган долж линииите на фронтот. Москва тврди дека нема да го исполни главниот услов на договорот од Минск, враќање на контрола на границите на Украина, додека статусот и автономијата во Донбас не се обезбеди на нејзино задоволство, ште делува како невозможно. Засега санкциите од западните земји се продолжени до јули.

Таквата непријатна „статус кво" ситуација, би можела да ја претвори источна Украина  во уште еден “постсоветски замрзнат конфликт“ кој би можел да трае со децении.

Што се однесува до Сирија, во јануари би требало да започне третиот мировен процес со посредство на ОН, затоа што предходните два пропаднаа.

download (3)

“Иако на претседателот Путин, очајнички му е потребен мировен договор за да може воено да се извлече од Сирија, засега не е јасно колку руското влијание се проширило“, пишува Би-Би-Си.

Сепак оваа година, најважна работа за Русија би можеле да бидат домашните теми и економската ситуација смета Би-Би-Си.

Путин тврди дека најлошиот дел од економската криза е завршен и укажува на рекорди во жетвата и производството на млечни производи, како доказ дека Русија веќе наоѓање на замена на увезените стоки.

Но, во други области на економијата ситуацијате лоша. Цените на мазутот паднаа за две третини во однос на 2014 година, а рубљата потона со нив. Буџетот за оваа година е заснован на проектираната цена на барел нафта од 50 долари, што може да биде претерана проценка. Кога на тоа ќе се додаде грижата на Кремљ од можни напади на ИСИС на руска територија, изгледа дека 2016 година ќе биде тешка за Русија.

Под закана од економски пад и потенцијални напади од џихадистите, Путин би можел да се најде под притисок. Тоа би можело да биде аргумент за него да се обиде да го заврши судирот со Западот и да пронајде начин да ја заврши војната во Сирија.

Слично

Поврзани вести