Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што може да направи радиоактивен облак од Северна Кореја?

Што може да направи радиоактивен облак од Северна Кореја?

Можното двонеделно ширење на радиоактивниот облак ако Северна Кореја направи нуклеарна експлозија преку Тихиот Океан  го покажува направена симулација. 

Овој модел го претстави Ласина Зирбо, извршен секретар на Организацијата на целосна забрана на нуклеарните проби на Твитер. Подоцна Зибро прецизира пред „Телеграф” дека тоа е “само груба симулација на потенцијален облак, кој може да носи изотопи”.

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг Хо рече дека САД и  ја објавија војната на Северна Кореја и изјави дека Пјонгјанг може да преземе акција, вклучувајќи “моќна детонација на водородна бомба во Пацификот”. Северна Кореја веќе го спроведе својот шести  нуклеарен тест за земјата. Тестот беше 250 килотони.

Пјонгјанг тврди дека тоа е водородна бомба која може да се монтира во ракета, со што може да ги зголеми тензиите.


Слично

Поврзани вести