Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што крие Боденското Езеро?

Што крие Боденското Езеро?
Со помош на нуркачки екипи и ласерски скенери, 20 германски, австриски и швајцарски научници за обидуваат да направат мапа на дното на Боденското Езеро, кое зафаќа површина од 571 квадратен километар од територијата на трите држави. Проектот кој го финансира Европската унија се проценува на 612 илјади евра, а досегашните мерења веќе покажале нови мистериозни пештери на дното на езерото со ширина и до 100-тина метри, кои ги поттикнуваат научниците да се прашуваат за што станува збор. „Нуркачите досега секогаш понаоѓаа подводни дупки, но ова е првпат да откријат толку голема подводна структура“, изјави координаторот на проектот Мартин Весел. Масивните траги откриени на дното на езерото го покажуваат текот на повлекување на ледниците, а меѓу останатите „изненадувања“ откриени на дното на езерото се наоѓа и 60-метарски параброд идентификуван како „Хелветија“, која потонала во 1933 година. Со должина од 63 километри и ширин аод 14 километри, Боденското Езеро е трето по големина во Централна Европа. На најдлабоката точка неговата длабочина изнесува 252 метри.
Слично

Поврзани вести