Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА: Жената која е сопственичка на куќата на Хитлер бара повеќе пари

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА: Жената која е сопственичка на куќата на Хитлер бара повеќе пари

Сопственичката на куќата во Браунау во која е роден Адолф Хитлер, не ја прифаќа одлуката на австриските власти околу експропријација и пред судот се бори за отуѓениот имот.

Жената најавува дека ќе му се обрати на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде ќе поднесе жалба на одлуката на австриската влада, која во јуни ја потврди Уставниот суд.

Адвокатот кој ја застапува истакнува дека експропријација било кршење на нејзините човекови права.

Тој минатата недела во тамошниот суд поднел барање за утврдување на нови суми за откуп на зградата, затоа што поранешната сопственичка е убедена дека 310.000 евра се премалку.

Случајот пред Европскиот суд би можел да се одвива неколку години, поради што понатамошната судбина на куќата е ставена во неизвесност.

Најавениот конкурс за архитекти за реконструкција на куќата е запрен.

Куќата во која е роден Адолф Хитлер е вратена на поранешните сопственици од 1952 година, а Австрија од тогаш ја изнајмуваше и ја користеше за различни друштвени цели, за да спречи воспоставување на место за величење на „Фирерот“ од Третиот рајх.

Министерството лани по долги и неуспешни преговори со сопственичката, дојде до заклучок дека е неопходна експропријација, за да се обезбедат дека имотот нема да биде користен од неонацистите.

Околните соседи,  околу некогашниот дом на Хитлер сметаат дека оваа сага време е да заврши.

Активисти предлагаат домот на Хитлер, да се претвори во „Куќа на одговорноста" во која младите луѓе ќе можат да учат за светската историја.

Слично

Поврзани вести