Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се случи со украинскиот имот во Запорожје?

Што ќе се случи со украинскиот имот во Запорожје?

Украинскиот имот во окупираната област Запорожје ќе се „национализира“.

Властите на украинскиот регион Запорожје, кој е под руска контрола, oбјавија дека имотот и ресурсите на украинската држава ќе бидат „национализирани“, пренесе Би-Би-Си.

Андреј Трофимов, заменик-шеф на администрацијата наметната од Москва, изјави дека е потпишан декрет за национализација на украинскиот имот.

Агенцијата Интерфакс го цитира Трофимов кој рекол дека национализацијата ќе се однесува на земјиштето, природните ресурси, објектите во стратешките сектори на економијата, како и имотот во сопственост на Украина од 24 февруари – денот кога Русија ја почна својата инвазија на земјата.

Би-Би-Си претходно јави дека украинските власти би можеле да ја исклучат нуклеарната централа во Запорожје ако Киев ја загуби контролата врз нејзината работа.

Oстанува планот делови од Украина да се соединат со Русија. Во блиска иднина може да има иницијативи за референдуми за пристапување на Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје во Русија. 

Слично

Поврзани вести