Што ќе се случи ако се одложи втората доза кај постарите?
Ако се одложи втората доза вакцина на „Фајзер“ кај постарите лица се создаваат повеќе антитела.
Студијата, која сè уште не поминала научна рецензија, опфатила 175 лица на возраст од 80 до 99 години. Утврдено е дека со продолжувањето на растојанието помеѓу две дози, врвот на создавање на антитела се зголемува за 3,5 пати во споредба со луѓето кои ја примиле втората доза по три недели.
Вакцината против коронавирус на „Бионтек/Фајзер“ кај постари лица произведува три и пол пати поголем одговор на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата. Oва го покажа британско истражување.
Студијата е прва што директно го споредува создавањето на антитела по тринеделно растојание од две дози препорачано од „Бионтек/Фајзер“ и продолжено растојание до 12 недели помеѓу две дози, што многу земји го воведоа поради недостиг на вакцини, со цел да опфатат многу повеќе луѓе со прва доза на вакцина и со тоа барем делумно да заштитат поголем број луѓе од смртоносната болест.
