Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се случи ако Романија го активира членот 4 од НАТО?

Што ќе се случи ако Романија го активира членот 4 од НАТО?

Руски дрон ноќеска удри во зграда во Романија и повреди две лица, и покрај тоа што ова е сериозен инцидент, малку е веројатно дека ќе се смета за доволно сериозен за да се активира Член 5, клаузулата за колективна одбрана на НАТО. Наместо тоа, романската власт наводно размислува да го активира Член 4 од алијансата.

Што е Член 4?

Според Северноатлантскиот договор, која било од 32-те членки на Алијансата може формално да се повика на Член 4 за да го извести Северноатлантскиот совет, главното тело за донесување одлуки, за одреден проблем.

Во членот се наведува: „Страните ќе се консултираат меѓусебно секогаш кога, според мислењето на која било од нив, територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста на која било од Страните се загрозени.“ Откако ќе се активира Член 4, следува дискусија за проблемот, што може да доведе до заедничка одлука или акција во име на НАТО. Ова не мора нужно да подразбира вооружена интервенција.

Употреба на Член 4 во минатото

За разлика од Член 5, кој е повикан само еднаш, Член 4 е употребен неколкупати во историјата на НАТО. На пример, само во септември минатата година (2025), тој беше повикан двапати: прво од Полска кога руски беспилотни летала го нарушија нејзиниот воздушен простор, а потоа од Естонија откако руски авиони го нарушија нејзиниот воздушен простор.

Инаку, Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот по нападот. 

Украина понуди помош за Романија ако е потребно.

Откако почна војната во Украина во 2022 година, Русија во повеќе наврати го наруши воздушниот простор на други држави. 

Слично

Поврзани вести