Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ЌЕ ПРАВАТ: Во Катар се празнат продавниците

ШТО ЌЕ ПРАВАТ: Во Катар се празнат продавниците

Катар преговара  со Иран и Турција со цел да обезбеди доволно храна и вода. 

Можно е поради кризата брзо да снема основни  намирници. 

Иако Катар е една од најбогатите земји во светот, сепак увезува храна. Поради кризата и прекинот на дипломатските односи од  неколку арапски земји, земјата  почна да преговара со други земји за непречено снабдување со храна и вода. Официјална Доха нагласува дека во продавниците има доволно зрнести намирници за месец дена, а има и големи резерви на основни животни намирници.

Земјата е изолирана. Катар е подготвен да води дијалог за надминување на кризата во односите со соседните земји од реонот на Персискиот Залив, изјави вчера катарскиот министер за надворешни работи шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани.

Слично

Поврзани вести