Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе прават Мелони и Фон дер Лајен со пиштолите кои им ги подари Ердоган?

Што ќе прават Мелони и Фон дер Лајен со пиштолите кои им ги подари Ердоган?

Учесниците на Самитот на НАТО во Анкара добиле пиштоли на подарок од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Ердоган на лидерите им подарил винтиџ револвер, заедно со боева муниција.

Ројтерс ова го толкува како порака на Ердоган, сакајќи да ја претстави одбранбената индустрија на Турција, која стана клучна алатка за извоз и надворешна политика.

Сликите споделени од канцеларијата на литванскиот претседател Гитанас Науседа покажуваат дека станува збор за редок пиштол со шест куршуми произведен од турскиот производител на оружје МКЕ во 1990-тите, поставен во дрвена кутија за изложување со знамето на Турција и логото на НАТО, како и плакат со натпис „Гумусај, првиот пиштол од типот револвер произведен во нашата земја“ на турски и англиски јазик.

Ројтерс пишува и дека револверот на италијанската премиерка Џорџа Мелони веќе бил складиран во седиштето на владата, заедно со други државни подароци.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, имала намера да го донира својот во некој воен музеј.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова нема да го користи револверот што како подарок го добила од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ниту ќе има каков било контакт со него.

Слично

Поврзани вести