Што ќе се случи со родната куќа на Хитлер?
Владата на Австрија денеска одлучи да ја превземе родната куќа на Адолф Хитлер од приватниот нејзиниот сопственик, за да не дозволи таа да се претвори во центар на атракција за неонацисти.
Австриските власти се обидуваа од 1984 година да го откупат имотот во градот Браунау во близина на границата со Германија, но неговата сопственичка одбиваше да го продаде. Неонацисти редовно доаѓаа во Браунау во последните години пред домот на поранешниот нацистички диктатор на Германија. Уште не е јасно како ќе се користи во иднина трикатната жолта куќа.
„Бидејќи не може да биде уништена, таа ќе биде користена за некоја образовна цел"- рече заменик-канцеларот и министер за економија Рајнхолд Митерленер.
Министерот за внатрешни работи, Волфганг Соботка сакаше зградата да биде уништена, но тоа е дел од стариот град во Браунау, кој е заштитен како историско наследство.
Усвоената одлука денеска е предмет на одобрување во парламентот, каде што владата има мнозинство и се очекува пратениците да го поддржат.
