Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ќе се случи ако Американците не го донесат Буџетот?

Што ќе се случи ако Американците не го донесат Буџетот?
Околу 150 директори на најголемите американски компании упатија  писмено барање до претседателот на САД Барак Обама и до лидерот на републиканците во Конгресот Џон Бонер, со кое побараа да биде итно постигнат договор околу буџетот.

Меѓу нив се потпишаа и директорите на највлијателните компании, како раководителите на Џеј Пи Морган Чејс, Голдман Сакас, Боинг и Ханивел, кои истакнуваат дека во случај да не биде постигнат компромис, американската економија ќе претрпи долготрајна, ако не и непоправлива штета.

Претседателот на САД се заложува за укинување на даночните олеснувања за најбогатите Американци, односно за лицата кои заработуваат над 250.000 долари годишно, додека републиканците инсистираат даночните олеснувања да останат за сите. Ако не се постигне договор за Буџетот од 1-ви јануари автоматски стапува во сила нова даночна политика на буџетско штедење во висина од 600 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести