Што и се случи на Полска за првпат по повеќе од 30 години?
Првпат по најмалку три децении Полска влезе во дефлација, што значи дојде до општ пад на цените во оваа земја. Потрошувачките цени во јули годинава во однос на истиот месец лани се намалиле за 0,2%, објавија полските статистички служби.
Според економистите, дефлациониот тренд во следните месеци дополнително ќе се продлабочува и тоа под притисок на пад на цените на домашниот пазар заради забраната за извозот во Русија.
Само месец претходно, во јуни, полската инфлација падна на нула. Полската економија сега за првпат влегува во дефлација по 32 години, кога за првпат била воведена важечката методологија за следење на цените.
Податоците за дефлацијата го зголемија притисокот за натамошно намалување на каматните стапки. Сепак, полската Централна банка која ја следи таргетираната инфлација од 2,5% не е подготвена во овој момент да ја намали референтната каматна стапка од сегашниот рекорден минимум кој изнесува 2,5%.
Сепак, според економистите, руско-украинската криза и падот на полскиот извоз ќе влијаат на слабеење на економијата, што централната банка на крај ќе ја принуди да преземе акција.
Слично
