Што го натера Иран да го отвори Ормутскиот теснец?
Иран соопшти дека Ормутскиот теснец е повторно отворен за трговски бродови, додека американскиот претседател Доналд Трамп истовремено потврди дека американската поморска блокада на иранските пристаништа останува во сила сè додека не се финализира договорот меѓу двете земји.
Во објава на платформата Truth Social, Трамп изрази задоволство од одлуката на Техеран да го отвори теснецот, оценувајќи дека тоа е чекор кон нормализирање на поморскиот сообраќај.
„Ормутскиот теснец е целосно отворен и подготвен за нормален сообраќај, но поморската блокада на иранските пристаништа останува на сила додека нашиот договор со Иран не биде целосно завршен. Тој процес треба да оди многу брзо, бидејќи повеќето точки веќе се договорени“, напиша Трамп.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи соопшти дека преминот низ Ормутскиот теснец е „целосно отворен“ за сите трговски бродови за време на преостанатиот период од примирјето во Либан.Израел и Либан договорија примирје од 10 дена.
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон најавија виртуелен состанок со учество на околу 40 светски лидери, на кој ќе се разговара токму за безбедноста и слободата на пловидба низ овој стратешки важен морски премин.
На 28 февруари годинава Израел и САД почнаа со напади на Иран.
Трамп синоќа изјави дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години.
foto printskrin youtube
