Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ги нервира вработените во Фејсбук?

Што ги нервира вработените во Фејсбук?
Фејсбук важи за едно од најдобрите работни места во светот, каде и стажантите заработуваат 25.000 долари, повеќе од просечниот амерички граѓанин. Меѓутоа се чини дека не е бајковито ниту во Фејсбук, пишува порталот Index.hr. Поранешните, а и сегашни вработени во оваа компанија на страницата Quora започнале расправа околу тоа што најмногу им смета или им пречело додека работеле за Марк Цукенберг. За многумина нивните  преговори ќе делуваат премногу размазено, сепак  интересно е да се види што ги мачи мал дел од вработените во Фејсбук. -Шест недели годишно дежурен сум по сел ден. Оние кои се задолжени за одржување на страницата  тврдат дека компанијата им одредила во текот на годината шест недели каде ќе мора да бидат постојано достапни. -Во тие недели не го напуштам ниту градот, дури ни за викенд. Ништо не можам да испланирам, постојано морам да сум достапен го оставам вклучено и звоното на телефонот и кога спијам, напишал Кит Адамс. - Не постои функционална инфраструктура Бидејки Фесјсбук  промовира дружење и заеднички излегувања, зголемувањето на бројот на вработени тоа значително го отежнува. Вработените тврдат дека е тешко да се планираат заеднички излегувања со 4000 вработени и непостоењето на било каква организација го отежнува значително овој тип на работа. -Сите ми се жалат од Фејсбук само поради фактот дека таму работам. - Не постои правец кон една цел. Поранешен вработен напишал дека не постои јасна визија кон што треба да целат работниците, така што тие понекогаш воопшто не ни знаат што треба да работат. -Нема да заработите милиони, ниту пак да отворите своја компанија. Само затоа што работите во добра компанија, не значи дека не работите, во овој случај работите за да го исполните сонот на друг. -Беше тоа најлошото професионално искуство во мојот живот. Некои не се воодушевени од Фејсбук, па така еден поранешен вработен додава дека администраторот работел за луге со кои никогаш лично не ни комуницирал и кои не му ја давале потребната поддршка. -Се бара од мене да завршам непримерни задачи Еден од поранешните  вработени напишал дека се чувствувал многу мизерно,бидејки  морал да извршува задачи како перење на вешот на еден од директорите. -Не постојат инструкции се е игра на погодување од самиот почеток бев осуден на пропаст. -Цукенберг и Шерил премногу време поминуваат копирајки ја конкуренцијата. -Работното место е очајно. -Стажантите донесуваат важни одлуки. -Цукенберг е премногу вклучен. Наместо да се среќава со инвеститорите, тој премногу време поминува работејки на новите производи, а тоа е апсолутно губење на време, сметаат некои и додаваат дека неговата работа би требало да биде изградба на компанијата, а не извршување на секојдневни задачи.  
Слично

Поврзани вести