ШТО Е ПРИЧИНАТА: Американски гиганти дале над 200 000 откази во третиот квартал
Поради бавниот раст на светската економија низ американските големи компании во третиот квартал годинава се укинати повеќе од 200 000 работни места.
Со тоа, најавуваат и нови отпуштања.
Тоа е најголема загуба на работни места од 2009 година, пренесе Ројтерс. Меѓу компаниите кои отпуштаат се и технолошките гиганти Хјулит -Пакард, Џенерал Електрик, биотехнолошката група Биоген, па дури и социјалната мрежа Твитер.
„Компаниите имаат причина да бидат загрижени. Забавувањето на економијата не е силно, но е значајно на глобално ниво. Еднап кога падне склоноста на ризик, се намалува и растот“, рекол Пол Хофмајстер, менаџер во фондот Квекер.
Сепак изгледа дека проблемите не се во сите сектори. Мајкрософт, Амазон и Алфабет, новата холдинг компанија на Гугл, минатата недела воодушевија со своите бизнис резултати во третиот квартал.
