Што е многу, многу е па дури и за милијардер – Бренсон ja напушта Британија поради високите даноци
Премногу високите даноци се причината поради која милијардерот Ричард Бренсон одлучи да ја напушти родната Британија.
Тој има во план да се пресели на својот остров во Карипското Море. Личното богатство на 63-годишниот Бренсон се проценува на 4.5 милијарди долари. Тој ќе се пресели на островот Некер во близина на Вирџинските острови кои се офшор зона.
Таму корпоративното оданочување е симболично, за разлика од Велика Британија.
Бренсон се одлучил да го напушти Островот, бидејќи даночните власти не ја признаваат неговата огромна добротворна работа.
Слично
