Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што е делумна воена мобилизација? Ова е планот на Путин за продолжување на војната во Украина, тој веќе го промени законот

Што е делумна воена мобилизација? Ова е планот на Путин за продолжување на војната во Украина, тој веќе го промени законот

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна воена мобилизација.

Путин, кој ѝ се обрати на нацијата во средата наутро, на почетокот на својот говор рече дека Западот „сака да ја уништи нашата земја“ и дека „се работи за одбрана на Русија и територијата на Донбас“.

Тој рече дека Русија го поддржува тоа население и нема право да го напушти.

Што е делумна воена мобилизација?

Делумна воена мобилизација е термин кој се користи практично во целиот свет, но во некои аспекти може да се разликува од земја до земја.

Во случајот со Русија, исто како што рече Путин, делумната воена мобилизација значи дека резервистите ќе бидат повикани во армијата. И тој процес започнува веднаш.

Во Русија, воената служба сè уште е официјално задолжителна и трае 12 месеци. Тоа е задолжително за сите машки жители на возраст меѓу 18 и 27 години. За избегнување на воениот рок е предвидена затворска казна до две години. Сепак, постојат различни начини легално да се избегне воената служба

Најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација уследи по потегот на долниот дом на московскиот парламент, Државната дума, во вторникот за измена на законот за воена служба, заострувајќи ги казните за прекршување на воената служба - како што се дезертирање и затајување, пишува Си-Ен-Ен.

Предлог-законот предвидува затворска казна до 15 години за избегнување служење или кршење на службена воена наредба. Пратениците на Државната дума и сенаторите подготвија и измени на Кривичниот законик со кои се предлага затворска казна до пет години за уништување или невнимателно оштетување на оружје и воена опрема за време на војната, објави државната новинска агенција РИА Новости.

Иако најавата на Путин не значи целосна воена мобилизација, како што предвидуваа некои, таа означува значителна промена во конфликтот и и дава на Русија широки овластувања да регрутира свои граѓани со претходно воено искуство.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Русија има огромни мобилизациски ресурси, за време на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Мобилизацијата се однесува на оние со претходно воено искуство. Регрути и студенти не се поканети. Регрутите ќе поминат обука пред да бидат распоредени.


Фото: МИА

Слично

Поврзани вести