Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ДОСЕГА СЕ ЗНАЕ ЗА ОМИКРОН: Каква сила сега има вирусот за да го минимизира имунитетот стекнат од вакцините и по прележан ковид

ШТО ДОСЕГА СЕ ЗНАЕ ЗА ОМИКРОН: Каква сила сега има вирусот за да го минимизира имунитетот стекнат од вакцините и по прележан ковид

Досега се знае многу малку за новиот вид. Британската агенција за здравствена безбедност објави дека оваа варијанта има шилест протеин кој драматично се разликува од оној во оригиналниот корона вирус на кој се базираат вакцините против Ковид 19, објави Ројтерс.

Се стравува дека може да бидат потребни недели за да се соберат потребните информации за карактеристиките на новиот вид, а научниците стравуваат дека оваа варијанта на вирусот би можела да биде попренослива и поотпорна на вакцините од сите претходни. Научниците ја опишаа B.1.1.529 како најлошата варијанта што ја виделе од почетокот на пандемијата. Во неа се пронајдени повеќе од 50 мутации, од кои 32 на спајк протеинот. Ова е приближно двојно поголем број на мутации отколку во варијантата Делта. Мутациите на шилестиот протеин на вирусот може да му овозможат да стане позаразен, побрзо да се пренесува, но и да го заобиколи имунитетот стекнат со вакцинација или по прележан ковид.  

Научниците со анализа утврдиле дека Б.1.1.529 има многу необична структура на мутации, кои се загрижувачки токму затоа што би можеле да му помогнат да го избегне имунолошкиот одговор на телото, кој би можел да го намали ефектот на вакцините и да го направи попренослив. Секоја нова варијанта што може да избегне вакцини или се шири побрзо од делта соевите, сега доминантната варијанта, може да претставува значителна закана, проценуваат експертите.

Првичните анализи од дијагностички лаборатории сугерираат дека варијантата брзо се проширила во Гаутенг, провинција во Јужноафриканската Република, и дека можеби веќе е присутна во останатите осум провинции на таа земја.


Слично

Поврзани вести