Што го отежни дополнително гаснењето на пожарот во катедралата Нотр Дам
Вековните дрвени греди и столбови во катедралата Нотр Дам, како и надворешниот нејзин дел од камен беше невозможно да ги спасат во катастрофалниот пожар што се случи вчера, а експертите велат дека Противпожарната бригада успеала да спречи многу поголемо уништување, и затоа ги заслужуваат сите пофалби.
Во гаснењето на пожарот учествувале над 400 пожарникари, со голем број на пумпи за вода кои црпеа вода од реката Сена, која тече веднаш до катедралата, а над оваа импозантна готска зграда постојано надлетуваа беспилотни летала кои ја снимиле постојано состојбата и оштетувањето. Најголемиот проблем, велат експертите, беше пристапот до дрвените тавани со висок покрив.
Токму во моментот кога почнаа да горат гредите, камените делови на надворешниот дел почна да одржуваат топлина и чад, така што на пожарникарите им беше оневозможно да влезат во катедралата. Покрај тоа, и самата висина на катедралата е предизвик, со што се создаде доволно кислород за пожарот да продолжи да се шири. Поради големината на огнот, пожарникарите не можеа да дојдат до покривот.
Според експертите, нема пилот кој е во можност да фрли вода токму таму каде што избувнал пожарот, беше одбиена и можноста за користење на хеликоптери за гаснење пожар, бидејќи е ризично да летаат хеликоптери во таков топол воздух.
Друг проблем со авионите е тоа што околу шест тони вода ако се фрли врз катедралата може да ја уништи нејзината структура, што би предизвикало дополнителни оштетувања и потенцијано уривање, но и голема веројатност од уривање и на соседните згради. Исто така и работата на пожарникарите била спречена од фактот што катедралата Нотр Дам се наоѓа на мал остров во средината на реката Сена, каде што нема инфраструктура за да се направи апарат за гаснење на пожар кој би бил ставен ведаш во функција.
